Connect with us

Доријан Бабунски стрелец за Дебрецен

Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски беше стрелец на погодокот за Дебрецен во ремито (1-1) против Фехервар Мол. Напаѓачот во 35.минута успеа да постигне гол со глава по корнерот од десната страна и во тој момент донесе предност за Дебрецен.

Мол Фехервар успеа да стигне до реми, а дефанзивецот Никола Серафимов остана на клупата за резервни фудбалери.

Младинскиот репрезентативец Марио Илиевски исто така беше стрелец на гол за Кишварда во ремито против Хонвед (1-1).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови