
Нова драма на повидок со капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев. Тој можеби нема да смее да ја напушти Италија со одлука на локалните власти на Џенова и да допатува утре во Скопје, на собирот на националниот тим. Овој неочекуван развој на настаните е последица на барањето на претседателите на италијанските калчолигаши, а во копродукција со министерот за спорт Винченцо Спадафора.
Локалните власти во регионите на Рим, Милано, Џенова и Фиренца донеле одлука да не дозволат заминување надвор од државата на интернационалците, како би се спречило ширење на коронавирусот, откако тие би се вратиле назад во Италија. „Наредбата“ важи за клубовите кои имаат фудбалери заболени од Covid-19, Рома, Интер, Џенова, Фиорентина, Сасуоло.
Драмата го зафаќа и Горан Пандев, слично како што беше и за претходниот собир на националниот тим и полуфиналниот меч против Косово. Тогаш со крајни напори ФФМ, македонската амбасада во Италија и пред се лично Горан Пандев издејствуваа тој да пристигне во Македонија.
Оваа одлука е неверојатна, Рома доби забрана да ги ослободи странците кои треба да настапуваат во националните тимови, додека Лацио веќе ги ослободил. Се работи за клубови од ист град, престолнината Рим. Во ист „кош“ се и Фиренца, Милано и Џенова.
Драмата очигледно ќе трае до доцна во ноќта, а Горан Пандев утре изутрина треба да патува за Скопје Тој има уверување дека сепак се ќе биде в ред и дека ќе може да дојде на собирот на македонскиот национален тим.
Новинарот на Bein Sport, Танкреди Палмери, пред половина час потврди дека забраната е донесена, но сите изнаоѓаат начини како да ја заобиколат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра
