Connect with us

Проблем на стартот: Позитивен тест на коронавирус во репрезентацијата

Пишува: Никола Ѓуровски

Позитивен тест на коронавирус во фудбалската репрезентација на Македонија. Се работи за голман од домашното првенство кој вчера играше натпревар од Првата лига. Тој е изолиран и веднаш е испратен дома, нема да биде од националниот тим во овој ноемвриски циклус. Селекторот Игор Ангеловски засега нема да повикува ново име, со оглед дека и така имаше четворица голмани на списокот. 

Согласно протоколите, секој репрезентативец при влезот во хотелот прави тест за Covid-19 и останува сам во соба додека не бидат добиени резултатите. Дури откако ќе се добие резултатот дека е негативен, може да се вклучи во работата со сите останати репрезентативци. Голманот кој е позитивен веднаш е испратен дома.    

Во текот на денот националниот тим ќе се комплетира, а вечерва треба да го одржи и првиот тренинг во пресрет на историскиот финален меч против Грузија за настап на Европското првенство кој е закажан за 12.ноември во Тбилиси.

  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови