Почна мисијата „Македонија на ЕП“. Последна станица е Тбилиси, а оттаму скок директно на Европско првенство. Треба само уште да се победи Грузија во големото финале.
Националниот тим се собра во базата во „ТЦЦ Плаза“, атмосферата е одлична и покрај стартните проблеми во кои „падна“ Даниел Божиновски со позитивен тест на коронавирус. Но, затоа пак Бобан Николов е негативен и има многу фраерска маска.
Пристигнаа и Стефан Ристовски и Илија Несторовски, Тихомир Костадинов веќе вежба во теретана, а „лабави“ се Висар Муслиу и Егзон Бејтулаи, екс-колегите од Шкендија. Да си поприкажат за старите денови или пак да скројат „тактика“ за грузиските офанзивци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













