Connect with us

Несторовски: Срцето ќе одлучи, гордо ќе ја претставуваме Македонија

Илија Несторовски е првиот „италијанец“ од триото кој пристигна во базата, Пандев и Елмас треба да се приклучат во попладневните часови. Тој смета дека срце на терен е главната девиза за победа во големото финале од Лигата на нации. Во Тбилиси, тактиката ќе биде во споредна улога. 

„Срцето ќе одлучува. Гордо ќе ја претставуваме Македонија и се надеваме дека ќе се пласираме на Европското првенство. Долго го очекувавме овој момент, да играме „финале“ за ЕП, многу поминавме за да ја добиеме оваа шанса и секако сакаме да ја искористиме. Ќе нема тука многу тактика, едноставно со сите средства и начини мора да се победи Грузија. Знаеме како игра Грузија, игравме два меча иако ова ќе биде нешто сосема поинаку. Но, ги знаеме и нивните добри и лоши страни и ќе се подготвиме“, вели Несторовски. 

Националниот тим денеска ќе го одржи и првиот тренинг, но во некомплетен состав. 

       

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови