Најтрофејниот македонски клуб Вардар по долга пауза и многу подоцна од првичните планови, денеска ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната. Беспарицата удри по фудбалерите кои се „разбегаа“ во текот на зимата, па првата активност на тренерот Бобан Грнчаров е да преброи кој ќе остане да го носи „црвено-црниот“ дрес.

Долго време нема плата во Вардар, поголем дел од фудбалерите тоа не можат да го поднесат и си бараат можност за промена на средината.

Најавите за подобро утре постојано се одложуваат, а реалноста е дека Вардар треба да тренира во село Кадино, а и покрај тоа има амбиции за враќање во елитата. Дали тоа ќе може да биде реализирано, останува да покаже вториот дел од сезоната во Втората лига.

Kако дел од подготовките ќе бидат одиграни три пријателски натпревари, на 4. февруари против Тетекс, на 8. февруари против Скопје, и на 11. февруари против Работнички.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













