
Аријан Адеми најверојатно нема да може да настапи на финалната пресметка против Грузија за пласман на Европското првенство поради повреда на бутниот мускул. Селекторот Игор Ангеловски како „бек ап“ го повика Енур Тотре од Шкендија, но и Грузијците си имаат слични маки. И тоа со најдобриот фудбалер, Квича Кварацкелија.
Тој има болки во ’рбетот, приклештени нерви, и неколку меча игра под инекции. Крилниот напаѓач на Рубин Казан има само пет настапи за грузиската репрезентација, но се смета за една од младите ѕвезди на европскиот фудбал и Борусија Дортмунд за него понуди 40 милиони евра.
Грузијците стравуваат колку ќе може да издржи Квича Кварацкелија на финалниот натпревар против Македонија. Можеби ќе бидат потребни 120 минути борба на теренот, а тој има проблеми и со скочниот зглоб. Сепак, Квича Кварацкелија е во тренажен процес и се подготвува за мечот в четврток во Тбилиси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
