Фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас, ќе биде „големо засилување“ за нашиот национален тим во финалната пресметка со Грузија во Тбилиси. Тој не играше на последните мечеви поради коронавирус, но сега е максимално подготвен и најавува дека Македонија сака да го оствари најдобриот резултат во историјата на нашиот фудбал.
„Не очекува финале, еден натпревар и многу борба. Ќе биде тежок натпревар, влогот е голем, но за ова се подготвувавме и сите заедно ќе се обидеме да го дадеме својот максимум за да успееме. Ни треба концентрација и енергија во текот на сите 90. минути. Грузија исто така, има за цел да биде на Европското првенство, но треба да направиме работите на теренот да зависат од нас. Оптимист сум, ова е голем меч и ќе го одиграме и за себе и за тимот, но и за целата држава. Се надевам дека ќе успееме, ќе играме за пласман на Европско првенство“, вели Елиф Елмас.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski