Наполи оствари нова победа во Серија А откако ја совлада Салернитана на гости со 0-2. Стрелци на головите беа Џовани Ди Лоренцо и на Виктор Осимен, а „наполитанците“ обезбедија 12 бода предност во однос на актуелниот шампион Милан.
Ова е неверојатна шанса за тимот да ја донесе шампионската титула во Неапол првпат по 1990 година и славјето со легендарниот Диего Марадона. За тоа е свесен и Лучијано Спалети кој вели дека тимот едноставно не смее да ја пропушти.
„Знаеме дека ова е шанса која нема да се повтори. Се трудиме да останеме фокусирани и да играме фудбал, а сигурно ќе останеме скромни и ќе ги правиме работите максимално професионално“, изјави Спалети.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













