
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ќе се повлече од функцијата во 2025 година, објави новинарот Сири Лопез, а пренесоа и други шпански медиуми.
Според овие информации, последната работа што тој треба да ја заврши во „кралскиот клуб“ ќе биде реконструкцијата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Перез во два мандати помина речиси дваесет години на чело на Реал Мадрид. Тој првпат го водеше клубот од 2000 до 2006 година, а по кратка пауза повторно се врати во 2009 година.
И двата негови мандати ќе останат запаметени по регрутирањето на најдобрите светски фудбалери во тој момент, па тимот со него на чело популарно го нарекуваа „галактикос“.
Во првиот мандат ангажираше фудбалери како Фиго, Бекам, Роналдо Назарио, Зидан, Овен… По враќањето во клубот, во првиот преоден рок ги доведе Кристијано Роналдо и Рикардо Кака.
Со него како претседател, Реал Мадрид освои 30 трофеи, од кои шест во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Моисе Кин

Евро-фудбал
Арсенал го купува капитенот на Брентфорд

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер
