Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино, има неколку понуди од Саудиска Арабија да ја продолжи кариерата во тамошната лига ова лето. Сепак, Бразилецот сака да остане на „Енфилд“, што е најреална опција.
Богатите клубови од Саудиска Арабија би сакале да го видат Фирмино во своите редови. Ал-Наср е тим кој ќе се обиде да го доведе како партнер на Роналдо, но преговорите меѓу „деветката“ на Ливерпул и англискиот клуб одат во добра насока.
Тој би сакал уште некое време да се натпреварува на највисоко можно ниво и се очекува да потпише нов договор до 2025 година, а потоа ќе ги разгледа и другите опции кои вклучуваат настап во МЛС – лигата на САД или во Саудиска Арабија.
Фирмино моментно е надвор од терените поради повреда. Тој освои сè што може да се освои со Ливерпул откако пристигна во 2015 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













