Најтрофејниот македонски клуб Вардар никако да ги реализира најавените планови за амбициозните нови „газди“ од Унгарија, па фудбалерите кои подолг период не се исплатени, си заминуваат од клубот.
Најновото заминување се случи со дефанзивецот Никола Ристески, кој потпиша за прволигашот Силекс. Тој е четвртото засилување за тимот на Горазд Михајлов, каде претходно пристигнаа и Халил Мухаремовиќ, Марко Ѓорѓиевски и Хамза Рамани.
Никола Ристески во кариерата беше член на Ренова, Работнички, Борец, Кит-Го и на Еуромилк, а потекнува од младинската школа на Вардар.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski