Менаџерот на Челси, Грeм Потер, објави дека играчот од средниот ред Денис Закарија ќе отсуствува еден месец поради повредата што ја заработи при поразот од Фулам (2-1) во четвртокот во натпревар од Премиер – лигата. На 26-годишниот Швајцарец му беа извршени медицински тестови за да се утврди степенот на неговата повреда.
Закарија досега има седум настапи за „сините“ од Лондон. Играчот од средниот ред, кој дојде на „Стемфорд Бриџ“ како позајмен од Јувентус, се бореше да се наметне и само што стана дел од стартните 11 на Грем Потер во последните неколку недели.
„Денис ќе биде надвор од терените четири недели, па тоа е уште еден удар за нас. Се надевам дека ќе може брзо да се врати во акција“, сподели Грем Потер.
Закарија е уште еден повреден кај лондончани оваа сезона. Н’Голо Канте, Весли Фофана, Рис Џејмс и Бен Чилвел се уште се во „амбулантата“ на тимот оваа сезона. Напаѓачот Армандо Броја ќе отсуствува до крајот на сезоната, а недостасуваат и Рахим Стерлинг, Едуард Менди, Кристијан Пулишиќ и Рубен Лофтус-Чик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













