Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема, одлучил да го продолжи договорот со европскиот и шпански шампион до јуни 2024 година, пренесуваат шпанските и француските медиуми.
Бензема има договор со Реал до јуни оваа година.
Актуелниот освојувач на „Златната топка“ има право да преговара со други клубови, бидејќи влезе во последните шест месеци од актуелниот договор.
Тој наводно добил понуда од Ал-Наср, чии детали не се објавени, но посочил дека не сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.
Бензема е член на Реал од 2009 година, а за мадридскиот клуб одигра 621 натпревар и постигна 334 голови, со 160 асистенции. Тој повеќепати ги има освоено сите најважни трофеи на светскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













