Македонскиот второлигаш Тетекс денеска ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната. Нов предводник на тимот ќе биде Љупчо Марковски-Калц, а целта е Тетекс да обезбеди опстанок во Втората МФЛ.
Негови помошници во стручниот штаб ќе бидат Дејан Савески, Филип Павлоски и Миле Спировски тренер на голманите.
Првата фаза од подготовките ќе се одвива во Тетово, а во периодот од 23. до 30. јануари екипата ќе замине во Дојран, каде ќе бидат одиграни неколку пријателски натпревари.
Пред заминување во Дојран, на 21 јануари е закажан контролен натпревар со ФК Беса кој ќе се одигра во Тетово.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













