Украинскиот клуб Шахтјор Доњецк ќе донира 25 милиони долари од трансферната сума за Михаило Мудрик, која ќе ја добие од Челси, на борците и оние кои досега се бореа во војната против Русија. Офанзивецот вчера ја финализираше преселбата во лондонскиот тим за 80 милиони евра, плус 20 милиони во бонуси.
„Го основаме проектот „Срцето на Азовстал“, кој конкретно треба да им помогне на бранителите на Мариупол, загинатите и нивните семејства“, најави претседателот на украинскиот клуб Ринат Ахметов. „Ќе обезбедам 25 милиони долари од трансферот за да им помогнам. Парите ќе бидат наменети за медицински потреби и за психолошка помош на оние на кои им е потребна“, истакна првиот човек на Шахтјор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













