Connect with us

Мудрик потпиша за Челси до 2031 година

Челси и официјално го објави трансферот на Михаило Мудрик. 22-годишниот напаѓач дојде од Шахтјор Доњецк и потпиша договор на 8,5 години, односно до летото 2031 година. Претходно денеска ги помина медицинските прегледи, а потоа пристигна на „Стемфорд бриџ“ за да го следи натпреварот на својот нов тим против Кристал Палас. На полувремето од мечот на навивачите им беше претставен Украинецот кој ќе игра со дресот со број „15“.


„Многу сум среќен што потпишав за Челси. Тоа е огромен клуб, фантастично првенство, многу атрактивен проект за мене во оваа фаза од мојата кариера. Едвај чекам да ги запознам моите нови соиграчи и да работам и да учам од Грем Потер“, беа првите зборови на Мудрик како играч на Челси.

Челзи ја доби битката со Арсенал за потписот на Мудрик, иако во еден момент „топчиите“ важеа за фаворити за негов ангажман. „Сините“ на Шахтјор ќе му платат вкупно 100 милиони евра, од кои 30 милиони во вид на бонуси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови