
Првиот шпански трофеј оваа сезона ќе се додели во Ријад, Саудиска Арабија, каде вечерва во финалето на Суперкупот ќе се судрат големите ривали Реал Мадрид и Барселона.
И двете екипи во финалето влегоа преку пенали. Реал ја елиминира Валенсија, а Барселона беше подобра од Бетис.
Карло Анчелоти, тренерот на Реал, за разлика од неговиот колега Чави, има кадровски проблеми и нема да може да смета на Чуамени, Алаба, Лукас Васкез. Но, во изминатите 13 години, тимовите на Анчелоти ги освоија сите 10 финалиња.
„Статистиката мора да се промени. Мотивирани сме и среќни што стигнавме до финалето. Тимот мора да разбере од каде доаѓа. Ќе играме против Реал Мадрид, тоа е дополнителна мотивација, а дополнително ме мотивира фактот што Анчелоти не загубил во финале од 2010 година“, изјави тренерот на Барселона, Чави.
Серијата на Анчелоти започна кога со Челси го освои ФА Купот. Потоа овој тренер го перзеде Реал Мадрид со кој го освои Купот на кралот, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа, а потоа и Светското клупско првенство во 2014 година.
Следуваше Баерн и две победи во финалето на германскиот Суперкуп, а потоа враќање во Реал Мадрид и повторно финале во Лигата на шампионите, Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
