Манчестер Јунајтед со неверојатен пресврт за четири минути го доби дербито против градскиот ривал Манчестер Сити со 2-1. Неверојатно интересно беше на „Олд Трафорд“, посебно во второто полувреме кога беа постигнати сите три гола, а Јунајтед за четири минути во завршницата се погрижи за пресврт со головите на Бруно Фернандеш и на Маркус Рашфорд.
Манчестер Сити поведе со голот на Џек Грилиш во 60.минута, на асистенција на Де Брајне.
Во 78.минута, Бруно Фернандеш израмни, а гостите приговараа барајќи офсајд позиција во која претходно се најде Маркус Рашфорд.
Сепак, напаѓачот не играше со топката, ја препушти на Португалецот, а тој со прецизен удар постигна гол.
Маркус Рашфорд четири минути подоцна постигна втор гол за Манчестер Јунајтед за триумф над големиот ривал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













