Лошите резултати на Челси доведоа до многу шпекулации околу иднината на менаџерот Грем Потер. Сепак, раководството на клубот воопшто не размислува за тоа со оглед дека сопственикот Тод Боели има огромна доверба во него. Но, затоа тој добил одврзани раце да направи „чистка“ во тимот.
Од „Стемфорд бриџ“ на лето ќе заминат дури седум играчи, пишуваат медиумите на Островот, дел од нив и големи ѕвезди. Меѓу непотребните се Хаким Зијеч, Каи Хаверц, Кристијан Пулишиќ, Калиду Кулибали, Жоргињо, Цезар Аспиликуета и Пјер-Емерик Обамејанг.
На Жоргињо нема да му биде понуден нов договор, а останатите ќе бидат продаден или позајмени. Во исто време Челси сака да ги продолжи договорите на Мејсон Маунт и на Н’Голо Канте.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













