
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, зборуваше за Купот на Италија, а сите беа изненадени од неговите лоши коментари за ова натпреварување.
Неговиот тим се пласираше во четвртфиналето, но и покрај тоа Мурињо упати силни критики за ова натпреварување.
„Мислам дека ова е најлошиот Куп во Европа, не ги штити помалите тимови. Не приредува шоу. Зборувам за Торино, на пример, кој го победи италијанскиот шампион на свој терен, а потоа треба да игра на гости повторно следниот натпревар. Навистина не го разбирам системот на натпреварување во Купот на Италија“, изјави Жозе Мурињо и додаде дека треба многу повеќе да се направи за да се популаризира Купот на Италија, да се играат повеќе натпревари на терените во Серија Б или Серија Ц.
Во 2010 година, Мурињо го освои Купот на Италија како тренер на Интер, во финалето против Рома.
„Би сакал да го освојам Купот на Италија, како и сите кои се натпреваруваат. Еднаш го освоив играјќи против Рома, сега би сакал да го освојам со Рома во Рим“, изјави Португалецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен
