Фулам ја оствари четвртата последовна победа во Премиер – лигата откако во лондонската пресметка го совлада Челси со 2-1. Сега тимот на Марко Силва се искачи на шестата позиција и размислува и за европска сезона. Од друга страна, Челси тоне сѐ подлабоко, а тоа може да значи и отказ за Грем Потер.
Вилијан го постигна водечкиот гол за Фулам погодувајќи ја мрежата на својот некогаш тим Челси во 25.минута.
Калиду Кулибали израмни на 1-1 во 47.минута, но Жоао Феликс имаше кобно деби и заработи црвен картон во 58.минута.
По ова, Фулам доби шанса за триумф и ја искористи. Карлос Винисиус во 73.минута постигна победнички погодок за домашниот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













