
Бразил не успеа да стигне до трофејот на Светското првенство во Катар, а селекторот Тите си замина од функцијата. Челниците на бразилскиот фудбал интензивно го бараат неговиот наследник, а се споменуваат многу имиња. Пеп Гвардиола, Зинедин Зидан и Карло Анчелоти беа меѓу кандидатите, но се чини дека Жозе Мурињо избива во преден план, иако во моментот сѐ уште е тренер на Рома.
Карлос Алберто, порнешниот играч на Порто, потврди дека добил понуда од Жозе Мурињо да му биде асистент во стручниот штаб на репрезентацијата на Бразил.
„Нема да кријам, ќе кажам директно. Жозе Мурињо многу веројатно ќе биде новиот селектор на Бразил, а јас добив понуда да бидам дел од неговиот стручен штаб“, изјави Карлос Алберто за бразилските медиуми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
