
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез имаше забелешки по победата (3-4 по продолженија) над нисколигашот Интерсити во Купот на Кралот. Очекувањата беа за многу полесна победа на Каталонците, кои, сепак, мораа да треперат до последно и мораа да играат продолженија за да го совладаат ривалот. Тренерот смета дека неговите играчи сами си го отежнале животот.
„Вакви работи се случуваат во Купот. Седум екипи од Ла Лига беа елиминирани. Можевме да водиме со 2-0 или 4-2, но си го отежнавме животот. Му дадовме премногу подароци на противникот во периоди кога не бевме доволно наметливи. Чувството е како по натпреварот со Еспањол, каде што не успеавме да решиме сѐ. Тоа беше првото предупредување, сега доаѓа второто. Имавме многу можности да го решиме натпреварот пред продолженијата, но не успеавме“, изјави Чави.
„Ме загрижува недостигот на итна реакција, особено во нападот. Во одбраната може да се случи, но не и во нападот. Имавме добро движење и ритам, создававме шанси, но требаше многу побрзо да го решиме мечот. Си го отежнавме животот. Инаку, добар натпревар, генерално сум задоволен. Останатото беше добро, бидејќи создадовме многу шанси“, додаде тренерот на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
