Connect with us

МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА

Струга Трим Лум е есенски првак, стигна до историски клупски успех и тоа апсолутно го заслужи со игрите во првиот дел од сезоната. Шкупи во финишот ја намали негативата на достижни три бода и најави дека сепак жестоко ќе се бори да го задржи трофејот.


Шкендија е малку подалеку во оваа трка, а најпријатно изненадување е Силекс, кој дојде од второлигашка конкуренција и покажа дека може да се носи со ривалите, но и да ги победува. Тука секако е и Тиквеш, кој покажа голем напредок во однос на минатиот шампионат.

Академија Пандев е најголемото разочарување оваа есен, а можеби повеќе можеа и Брегалница и Работнички.

За прволигашки живот ќе се борат Скопје и Победа кои имаа резултатски скромна полусезона.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим по првата полусезона во Првата фудбалска лига. Го предводи стратегот на есенскиот првак, Срѓан Захариевски.

МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА

  1. КРИСТИЈАН НАУМОВСКИ (ШКУПИ)
  2. ЕГЗОН БЕЈТУЛАИ (ШКЕНДИЈА)
  3. ГАГИ МАРГБЕЛАШВИЛИ (ШКУПИ)
  4. АРСИМ ЉАМАЛАРИ (СИЛЕКС)
  5. ФРЕДИ АЛВАРЕЗ (ШКУПИ)
  6. БУЊАМИН ШАБАНИ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
  7. МЕТОДИ МАКСИМОВ (РАБОТНИЧКИ)
  8. ЉУПЧО ДОРИЕВ (ШКЕНДИЈА)
  9. МАРЈАН РИСТОВСКИ (СИЛЕКС)
  10. БЕСАРТ ИБРАИМИ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
  11. АНАЕЛ БАРГА НГОБА (ТИКВЕШ)

ТРЕНЕР НА ПОЛУСЕЗОНАТА: СРЃАН ЗАХАРИЕВСКИ

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови