
Српскиот тренер Синиша Михајловиќ повторно е во болница со оглед дека неговата здравствена состојба е сериозно влошена.
На него му беше дијагностицирана леукемија летото 2019 година. Ја доби битката неколку пати и се враќаше како голем борец и победник. Пред десетина дена состојбата повторно му се влоши.
„Синиша е во болница, свесен, буден. Ниту е во кома како што најавуваат некои, ниту бил во кома. Денеска е уште подобро од вчера, завчера и завчера, но сепак е во божји раце“, изјавија пријатели на Михајловиќ за срспките медиуми.
“Може да живее уште 10 дена, а може да живее и 30 години. Таква е болеста. Свесен е за тоа, свесно е и неговото семејство”, изјави близок пријател на српскиот тренер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski