
Сидикатот на фудбалерите на Македонија на 13 декември одржа редовно годишно собрание во конгресната сала на хотелот „Романтик“ во Велес. Земаа учество речиси сите капитени на клубовите од Првата МФЛ придружувани од нивни колеги, сите членови на СФМ.
На дневен ред беа адресирани повеќе теми, секако со акцент на тековните проблеми кои што ги имаат фудбалерите во Македонија, па и пошироко, како густиот распоред на натпревари, условите на терените како и во соблекувалните, нередовните исплати на плати, проблемите со анeкс договорите и други теми кои секако се неизбежен дел од фудбалското секојдневие.
За нови членови во Извршниот одбор на СФМ беа избрани поранешната репрезентативка на Македонија, Валерија Неделковска,и поранешниот репрезентативец, а сега капитен на ФК Работнички, Крсте Велкоски, како и репрезентативецот Даниел Мојсов во Надзорниот одбор на СФМ. Исто така Валерија Неделковска е избрана и за потпретседател на СФМ, на предлог на членовите на Извршниот одбор, едногласно усвоен од сите присутни делегати.
„Горди сме што токму во Македонија за првпат на овие простори е избрана претставничка од женскиот фудбал како потпретседател во фудбалски синдикат кој воедно е и полноправен член на ФИФПРО. Им честитаме на сите на изборот, и се надеваме на успешна и плодна соработка во иднина“, истакнуваат од Синдикатот на фудбалери на Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Арсенал го обнови интересот за Адемола Лукман

Интернационалци
Арменд Алими по 20 години се врати во Башкими

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
