
Фудбалската федерација на Македонија до Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги испрати предлог номинациите за избор на „Спортисти на годината“ во организација на АМС.
На предлог на селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, во категоријата „Спортист на годината“, Фудбалската федерација на Македонија ги номинираше Стефан Ристовски, Елиф Елмас и Енис Барди.
Во дописот до Агенцијата за млади и спорт, селекторот на нашиот најдобар национален состав, Благоја Милевски даде свое објаснување во однос на номинациите за тројцата наши репрезентативци.
1 – Стефан Ристовски – Придонес во одиграните натпревари за македонската А репрезентација во квалификациите за СП 2022 и освоеното второ место во групата; Придонес во одиграните бараж натпревари за СП 2022. Победа против Европскиот првак Италија и пласман во финалето од плеј-офот против Португалија; Придонес во одиграните натпревари за освојување на шампионската титула во хрватското првенство со Динамо Загреб и придонес во освојувањето на Националниот куп со Динамо Загреб; Придонес во одиграните натпревари за Динамо Загреб во УЕФА Лига на шампиони и пласман во групната фаза од УЕФА Лига на шампиони;
2 – Елиф Елмас – Придонес во одиграните натпревари за македонската А репрезентација во квалификациите за СП 2022 и освоеното второ место во групата; Придонес во одиграниот бараж натпревар за СП 2022. Финале од плеј-офот против Португалија; Придонес во одиграните натпревари за Наполи (Италија) во УЕФА Лига на шампиони и пласман во групната фаза од УЕФА Лига на шампиони; Посветеност кон националниот дрес и секогаш во функција на тимот за репрезентативните натпревари во изданието од Лига на нации;
3 – Енис Барди – Придонес во одиграните натпревари за македонската А репрезентација во квалификациите за СП 2022 и освоеното второ место во групата; Придонес во одиграните бараж натпревари за СП 2022. Победа против Европскиот првак Италија и пласман во финалето од плеј-офот против Португалија; Посветеност кон националниот дрес и секогаш во функција на тимот за репрезентативните натпревари во изданието од Лига на нации.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Расмус Хојлунд

Женски фудбал
Фудбалерките до 16 години на развоен турнир во Албанија

Евро-фудбал
Арсенал ќе понуди 30 милиони евра за Арда Гулер
