
Џанлука Вијали мораше да се повлече од националниот тим на Италија поради влошена ситуација во борбата со канцер, а исто така и Синиша Михајловиќ не се чувствува најдобро. Тој веќе три години се бори со леукемија.
Здравствената состојба на Џанлука Вијали и на Синиша Михајловиќ, двајцата легендарни фудбалери кои се борат за опасни болести, е сериозно влошена, открија медиумите во Италија.
„На крајот на едни долги и тешки преговори со мојот прекрасен тим на онколози, решив да ја прекинам мојата работа во националниот тим, се надевам привремено. Целта е комплетната психо-физичка енергија да ја искористам за моето тело да ја надмине оваа фаза на болеста и се надевам дека што е можно побрзо ќе се соочам со нови авантури и сето тоа ќе го поделам со сите вас. Ве гушкам сите“, објави Вијали.

Според италијанскиот новинар Иларио Ди Џиова, Србинот е во стабилна состојба, но многу полошо од претходно.
„Синиша Михајловиќ е стабилно. Вистина е дека во последните часови му се влоши состојбата, но тој е со своето семејство кое му дава поддршка во моментов“, објави Ди Џиова.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski
