Connect with us

Скалони: Меси е најдобриот во историјата

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, испиша историја како четврти селектор на Аргентина кој го одвел тимот до финалето на СП. Пред него тоа го направија Цезар Меноти, Карлос Биљардо и Алехандро Сабеља. Аргентинците ја победија Хрватска со 3:0, а инспиратор на победата беше Лионел Меси.


„Меси е најдобриот во историјата. Не се сомневам во тоа. Вистинска среќа и привилегија е да го гледам во дресот на Аргентина”, истакна Скалони.

„Ја заслуживме победата. Го одигравме натпреварот како што треба. Одлично е што се пласиравме во финалето, но имаме уште еден натпревар. Се обидувам да останам смирен, а тоа е многу тешко”, истана селекторот на Аргентина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови