Репрезентацијата на Мароко ја приреди најголемата сензација на Мундијалот во Катар.
Избраниците на Валид Реграги се пласираа во полуфиналето и го постигнаа најголемиот успех во историјата на африканскиот репрезентативен фудбал. Во дуелот за финалето ќе се пресметаат со бранителот на титулата, Франција.
Тоа значи и директна пресметка меѓу клупските соиграчи од ПСЖ, Килијан Мбапе и Ашраф Хакими, кои исто така треба да имаат серија дуели на теренот бидејќи Хакими игра десен бек, а Мбапе игра на левата крилна позиција.
На интернет стана вирално видео од нив двајца од јануари годинава, кога беа во Катар на зимската турнеја со ПСЖ.
„Тука сме во многу добриот Едукациски Сити, тој собира 40 илјади луѓе. Франција и Тунис ќе играат тука, се надевам дека ќе победиме, а потоа ќе играме против Мароко… што значи дека ќе треба да го уништам мојот пријател“. вели Мбапе со насмевка, на што Хакими влегува во кадар и го нуди своето решение: „Ќе го удрам“.
Видеото е создадено уште пред Мароко да се пласира на Светското првенство, па уште поимпресивно е што му се исполни желбата на Мбапе да игра во нокаут фазата против својот пријател, со репрезентацијата на која никој не и предвидуваше таков успех.
Натпреварот се игра в среда на 14 декември, со почеток во 20 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal