
Бразил, кој по традиција беше меѓу главните фаворити за освојување на Мундијалот, шокантно беше елиминиран во четвртфиналето од Хрватска. Веднаш по натпреварот, Тите поднесе оставка од селекторската функција на Бразил, каде што беше од јуни 2016 година.
Бразилците моментално бараат нов селектор, а новинарите ја прашаа легендата на оваа земја, Роналдо. Тој откри дека според информациите што ги има Бразил веќе има нов селектор, а тоа е тренерот на Флуминенсе, Фернандо Диниз.
„Сите ќе бидете изненадени. Информациите што ги имам говорат дека нов селектор на Бразил е Фернандо Диниз. Имаше и некои други имиња во игра, но не сакам да ги споменувам. Очекуваме официјална потврда на федерацијата, но можеби е рано за тоа. Фернандо Диниз ќе биде голема атракција за репрезентацијата. Тој е Бразилец, под негово водство тимовите играат одлично и приредуваат шоу“, изјави Роналдо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski
