Connect with us

Нејмар ја објави преписката со соиграчите по елиминацијата од Хрватска – „Уништени сме!“

Потегот на Нејмар бомбастично одекна во Бразил, но и низ фудбалскиот свет. Без дозвола на соиграчите од репрезентацијата ги објави пораките кои ги размени со нив по шокантната елиминација од Хрватска во четвртфиналето на Мундијалот (1-1, 4-2 на пенали).


Разговорот со сите од групата го води Нејмар, а од пораките на останатите ѕвезди на Бразил се гледа дека се во страшна психофизичка состојба по неочекуваната елиминација од Мундијалот.

Сликите на најголемата бразилска ѕвезда како седи во солзи на тревникот и со неверување гледа во празно откако Хрватска ја исфрли неговата репрезентација, ќе останат едни од најзапаметените на овој Мундијал.

Сепак, нема лесно да се заборави она што го направи Нејмар објавувајќи слики од екранот од неговите разговори со капитенот на тимот Тијаго Силва, Родриго и Маркињос, играчите кои ги промашија пеналите во дуелот со Хрватска.

Нејмар ја оправда контроверзната објава вака…

„Решив да ја објавам преписката со моите соиграчи без нивна дозвола за сите да видат колку сакаме да победиме и колку бевме обединети. Ќе покажам само дел од многуте пораки што ги разменивме. Бевме обземени од чувство на страшна тага, но мораме да бидеме силни и да продолжиме. Сигурен сум дека со поддршката на нашиот народ ќе се вратиме уште посилни. Јас сум Бразилец со многу гордост и љубов!“

Преписката на Нејмар со Маркињос

Нејмар: Како си? Ти се јавувам да ти кажам колку сум твој фан. Еден пенал нема да го промени она што го мислам за тебе. Јас сум со тебе засекогаш и ти го знаеш тоа. Те сакам.

Маркињос: И јас, брат. Ќе ми треба време да се ослободам од сите лоши работи во мене. А ти? Како си? Ти благодарам за пораката и што мисли на мене, брат. Ти си ѕвер. Толку многу сакав се да биде во ред. Штета е што тој пенал ни го уништи сонот. Но, мора да бидеме силни и да видиме што друго ни подготвува фудбалот.

Нејмар: Така треба да мислите. Знам подобро од кој било како нè очекуваат добри и лоши времиња. Останете силни, потпрете се на семејството и никогаш не заборавајте дека не сум само ваш соиграч, туку и пријател кој ви посакува се најдобро. Те сакам и секогаш сме заедно во ова.

Маркињос: Брат, сè што ќе кажеш е вистина. Само ние знаеме низ што поминавме за да стигнеме овде. Затоа многу ме боли. Товарот што го носам сега е огромен, но Господ знае зошто го стави на мојот грб. Затоа што јас може да издржи и да продолжи понатаму.

Преписката на Нејмар со Тијаго Силва

Нејмар: Брате, тажно е тоа што ни се случи, но мораме да продолжиме заедно. Навистина сакав да ти го донесам тој трофеј. Ти, јас и Дани Алвеш најмногу го заслуживме. Но Господ знае сè и има цел за неговите постапки.

Тијаго Силва: Брат, морам да ти кажам дека сум повеќе заебан отколку што можев да замислам. Ова е неподносливо како се чувствувам. Не можам да верувам дека загубивме. Секогаш кога ќе помислам на тоа, плачам. Но, ќе станам подобар.

Нејмар: Секогаш кога ќе го вклучам телевизорот полудувам, да ти еб*м!

Преписката на Нејмар со Родриго

Нејмар: Те контактирам за да ти кажам дека си ѕвезда. Чест ми е да бидам дел од твојата кариера, да те слушнам како ми кажуваш дека сум твојот идол и да гледам како стануваш ѕвезда во историјата на Бразил. Пенали пропуштаат само оние кои ги шутираат. Јас направив многу грешки во кариерата и научив од секоја од нив. Но, никогаш не се откажав и секогаш се трудев да бидам подобар. Многу ми се допаѓаш не затоа што си добар играч, туку затоа што си добар човек со добро срце. Остани силен, критиките што ги добиваш ќе те направат силен и потоа ќе се сетиш на се што ти кажав: „Ќе ја донесеш титулата во Бразил“. Ти посакувам се најдобро на светот. Овие денови целосно исклучете се, одморете се и вратете се силни. Тука сум за се што ви треба, ви велам без демагогија. Заедно сме во ова.

Родриго: Мојот идол, ти благодарам за сè од дното на моето срце. Прости ми што го одложив исполнувањето на твојот сон. Се надевам дека ќе продолжиш да освојуваш за својот народ и дека ќе бидам со тебе во тој процес. Се разбира, ако сакаш. Секогаш сме заедно и ти благодарам што ме сакаш.

Нејмар: Извини што морам да го кажам ова, но дали си луд?! Немаш за што да ми се извинуваш, бидејќи запомни, пенали промашуваат само тие што ги шутираат. Ти си ѕвезда и јас ќе те научам како се шутираат пенали!

Родриго: Ќе ми треба тоа…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови