Пеп Гвардиола неодамна потпиша нов договор со Манчестер Сити, но сега доби нова понуда – да раководи со репрезентацијата на Бразил!
Според каталонски „Спорт“, Гвардиола добил покана од Фудбалската конфедерација на Бразил да го наследи Тите, кој го напушти кормилото на Јужноамериканците.
Во Бразил се свесни дека Пеп е врзан со Сити со силен договор до 2025 година, но тоа не им ја намалува желбата да играат под негово раководство на СП 2026 во САД, Канада и Мексико.
Некои извори дури и претходно тврдеа дека се подготвени да имаат в.д. селектор додека Пеп не се согласи да дојде во Бразил, но ова остануваат непотврдени гласини.
Денеска приказната повторно се ажурира, иако се споменува дека меѓу силните кандидати е и Абел Фереира, кој прави чуда на клупата на Палмеирас.
Гвардиола се уште не одговорил, но речиси никој не може да замисли да си замине од „Итихад“ уште најмалку две години. Дали Бразилците ќе бидат подготвени да го чекаат?
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













