
Актуелниот првак Шкупи го победи Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ со 2-4 и ја намали негативата во однос на лидерот Струга ТЛ на само три бода, во пресрет на зимската пауза. Струга ТЛ ремизираше 1-1 на гости против Скопје на „Автокоманда“.
Академија Пандев продолжи со очајни игри и загуби дома од Тиквеш со 0-2, а Брегалница испушти два гола предност и на крајот ремизираше 2-2 против Победа.
Македонија ЃП го освои Кратово и го победи Силекс со 1-3.

Сандеј Адетунџи во седмата минута донесе водство за Шкупи, а потоа на Анес Рушевиќ му беше поништен регуларен погодок поради офсајд позиција. По ова, Сандеј Адетунџи стрелаше и вторпат, со во 40.минута Фати Исмаили си постигна автогол за 0-3 на полувремето за Шкупи. Методи Максимов со два гола, во 55. и во 63.минута, го врати Работнички во живот, но Кристијан Трапановски во 79.минута постигна четврти гол и го потврди триумфот на Шкупи.
Скопје и Струга ТЛ ремизираа 1-1 на „Автокоманда“. Христијан Малески донесе предност за стружани, но Скопје израмни од пенал со голот на Леонид Игнатов во 68.минута од мечот.
Македонија ЃП го победи Силекс на гости во Кратово со 1-3, а хет-трик постигна капитенот Филип Мишевски. Дефанзивецот се претвори во главен стрелец на „лавовите“ на овој дуел, додека за Силекс погоди Марјан Ристовски.
Брегалница и Победа одиграа 2-2 во Штип. Домаќинот поведе со двата гола на Дарко Додев во првиот дел, но Победа успеа да се врати и да освои бод со головите на Мазари и на Амос Губам.
Иван Ивановски и Андреј Лазаров беа стрелци на головите за Тиквеш во триумфот против Академија Пандев во Струмица.
ПРВА ЛИГА, 18.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2-4
СКОПЈЕ – СТРУГА ТЛ 1-1
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ТИКВЕШ 0-2
БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА 2-2
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-3

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
Комити со кореографија за Кочани (ВИДЕО)
