Актуелниот шампион Шкупи ќе му гостува на Работнички (13 часот) на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари во последното есенско коло од Првата фудбалска лига. Тимот на Гоце Седлоски се надева дека може да ја намали негативата во однос на лидерот Струга ТЛ, кој исто така гостува, кај ФК Скопје во „Автокоманда“.
По ова, македонскиот фудбал оди на зимска пауза до средината на февруари, па сите сакаат успешен крај на есента.
Силекс има одлична полусезона и сигурно сака да ја заокружи со триумф над Македонија ЃП, а Академија Пандев се надева на победа за крај – на домашен терен против Тиквеш.
Брегалница на домашен терен ја пречекува Победа и исто така посакува нови три бода.
Сите натпревари се закажани за 13 часот.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 18. КОЛО
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
СКОПЈЕ – СТРУГА ТЛ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ТИКВЕШ
БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













