Гостивар го совлада Караорман со 5-1 и се врати на врвот на табелата во Втората лига. Филип Петковски беше двоен стрелец, а погодија и Ѓорѓи Танушев од пенал, Стојанчо Велинов и Муарем Муарем во убедливата победа.

Алтин Лога од пенал стрелаше за Караорман и во тој момент израмни на 1-1, а во финишот Велинов не успеа да искористи и пенал.

Гостивар ја заокружува есента со еден бод предност пред Вардар.
Воска очекувано славеше против Борец со убедливи 6-0, а Беласица и Охрид одиграа 1-1.
Пелистер ја победи Каменица Саса на гости со 1-2, со голот на Христијан Драгарски и автогол на домашните фудбалери, а Арсими славеше против Тетекс на гости со 0-2. Детонит Плачковица со 1-3 славеше против Слога Виница.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













