
Бразилските фудбалери Кашемиро и Тијаго Силва по елиминацијата на нивната селекција во четвртфиналето на Светското првенство во Катар порачаа дека мора да кренат глава и да остават животот да продолжи.
„Тешко е да се најдат зборови. Мораме да ја држиме главата горе, животот продолжува. Тажни сме. Сите дадоа сѐ од себе. Тоа е стресно. Го имавме натпреварот во раце и го испуштивме”, изјави Кашемиро по поразот од Хрватска на пенали.
Кашемиро додаде дека тимот верува во нивната работа.
„Тешко е. Верувавме во нашата работа, завршивме одлична работа, атмосферата беше добра. Но, така е во фудбалот, никогаш не се знае кој ќе биде победникот”, додаде играчот од средниот ред.
Дефанзивецот Тијаго Силва изјави дека неговиот тим не е навикнат на таков начин да прима голови.
„Бевме малку неорганизирани. Тешко е, но колку и да има тага, животот продолжува, мораме да ја држиме главата горе“, изјави Тијаго Силва.
Според него, селекцијата на Бразил е горда на она што го постигна на Мундијалот, а поразот е дел од фудбалот.
„Доживеав некои разочарувања во мојот живот и многу болки кога не се постигнува важната цел. Јас сум од оние кои стануваат секогаш кога ќе паднат, тоа нема да се промени и сега“, додаде Силва.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мбапе нема да игра и против Салцбург

Прва лига
Младиот Адонис Милај го засили Шкупи

Евро-фудбал
Интер го договори голгетерот на Парма

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак
