
Гостивар има план да го совлада Караорман и да го комплетира првиот дел од шампионатот на првата позиција. Со тоа избраниците на тренерот Октај Дерелиоглу би ја освоиле и есенската титула во Втората лига.
Вардар вчера го победи Кожуф во премиерата на ова 15.коло и во моментот има два бода предност на врвот. Но, доколку гостиварци слават над Караорман повторно ќе се вратат на првото место.

„Подготвени сме за надигрување и максимално мотивирани да ја оствариме целта. Веруваме во нашите квалитети и очекуваме триумф пред нашите гледачи. Секако, имаме максимален респект за Караорман и ќе треба на теренот да ги заслужиме трите бода“, вели дефанзивецот Стојан Стојчевски.
Воска Спорт на домашен терен има релативно лесна задача против Борец, а Детонит Плачковица гостува кај Слога Виница. Пелистер ќе оди на гости кај Каменица Саса, Беласица е домаќин на Охрид, додека Беса ќе го пречека тимот на Локомотива Пехчево. Тетекс ќе се сретне со Арсими.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
