Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев вели дека пласманот на Европското првенство е круна на неговата кариера и најави дека „црвено-жолтите“ со поддршка од трибините можат да ги изненадат фаворитите во групата.
„Првиот пласман на нашата репрезентација на едно големо натпреварување е круна на мојата кариера. Ми годат сите пофалби, пред сè бидејќи нашата репрезентација заврши голема работа“, изјави Пандев во денешното интервју за „Mozzartsport“.
Македонскиот капитен оцени дека „црвено-жолтите“ ќе ја имаат улогата на аутсајдер на Европското првенство, но оти најважно е играчите да бидат здрави и публиката да се врати на стадионите.
„Пред сè, се надевам дека пандемијата (на коронавирусот) ќе заврши, дека публика ќе се врати и тогаш ќе имаме голема поддршка од нашите навивачи. Реално, ние сме аутсајдери, но немаме што да изгубиме. Првите два натпревари, со Австрија и Украина, за нас ќе бидат најважни“, оцени Пандев.
Првите два меча на Европското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули следната година, македонската фудбалска репрезентација треба да ги игра во Букурешт, а мечот од третото коло против Холандија во Амстердам.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski