Connect with us

Алиоски: Плачев од радост по триумфот над Грузија

Езгјан Алиоски е хит на Островот, со Македонија се пласира на ЕВРО 2021, а се подобро игра и во тимот на Лидс Јунајтед. Тој во интервју за британските медиуми се наврати на најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал. Вели дека плачел од радост во соблекувалната по триумфот над Грузија во Тбилиси.

„Плачев во моментите по натпреварот со Грузија. Знам како живеат во Македонија, не е лесно за луѓето и особено да се игра фудбал таму. Животот е тежок и знам колку им е важен нашиот успех со репрезентацијата. Напорно трениравме и верувавме дека можеме преку Лигата на нациите да се најдеме на Европско првенство. Победувавме низ натпреварувањето и заслужено ќе играме на големиот собир. Македонија има талент, а ние покажавме дека можеме да сонуваме за поголеми работи“, вели Алиоски. 

Лидс Јунајтед подготвува нов тригодишен договор со Џани Алиоски. Неофицијално, понудата е одлична, Алиоски би заработувал и до 120.000 фунти месечно со бонуси. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови