
Луис Суарез ја обвини ФИФА дека „секогаш е против Уругвај“. Настапот на напаѓачот со репрезентацијата на Уругвај на Светското првенство во Катар заврши со солзи и покрај успехот на Јужноамериканците од 2-0 против Гана во последниот натпревар од групната фаза во петокот.
Уругвај беше елиминиран од Светското првенство во 2022 година по поразот на Португалија од Јужна Кореја со 1-2. Азијците продолжуваат во осминафиналето каде за противник ќе го имаат Бразил.
„Урусите“ имаа шанса да се пласираат во осминафиналето доколку постигнеа трет гол против Гана. На самиот крај на натпреварот од групата „Х“, Уругвај имаше сериозни претензии за досуден пенал по контактот на Дарвин Нуњез и Даниел Амарти во шеснаесетникот на африканскиот тим.
„Пеналот против Дарвин беше многу чист. Имаше контакт и со Еди“, изјави ветеранот Суарез, цитиран од „Ројтерс“.
Во последните секунди од натпреварот, Уругвајците бараа и прекршок против Единсон Кавани во шеснаесетникот на Гана.
„По мечот сакав да го прегрнам семејството, но луѓето од ФИФА не ми дозволија. Се чини дека Уругвај нема добра позиција во ФИФА. Очигледно, тие секогаш се против нас. Среќен сум што играв на моето четврто Светско првенство. Мојот син ме немаше видено да играм на толку големо првенство. Иако победивме, сликата е тажна“, изјави Луис Суарез.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Интернационалци
Денковски ќе брани за Посушје

Евро-фудбал
Ливаковиќ замина на позајмица во Џирона

Евро-фудбал
Јувентус го купи Косовецот Едон Жегрова

Евро-фудбал
Николас Џексон го засили Баерн Минхен

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
