
За првпат во историјата на светските фудбалски првенства во нокаут фазата се пласираа три земји од Азиската фудбалска федерација (АФЦ). Во осминафиналето на турнирот во Катар ќе играат Јапонија, Јужна Кореја и Австралија, која под капата на АФЦ се натпреварува од 2006 година, а дотогаш беше во Океанија.
На чекор до осминафиналето беа и Саудиска Арабија и Иран, а единствениот азиски тим што не беше конкурентен во Катар беше домаќинот.
Јапонија го шокираше светот со победите против Германија и Шпанија и застана на врвот во групата Е. Јужна Кореја ја порази Португалија и ремизираше со Уругвај, што беше доволно добро за второто место во групата Х. Австралија победи во клучниот натпревар од групата Д против Данска.
„Го достигнуваме глобалниот светски стандард и црпиме максимум од капацитетот во азискиот фудбал. Кога примивме гол, продолживме понатаму. Мораме да бидеме упорни, цврсти до крајот и да го искористиме нашиот момент“, изјави јапонскиот селектор Хаџиме Моријасу.
Во осминафиналните натпревари се среќаваат:
САБОТА
Холандија – САД (16 часот)
Аргентина – Австралија (20 часот)
НЕДЕЛА
Франција – Полска (16 часот)
Англија – Сенегал (20 часот)
ПОНЕДЕЛНИК
Јапонија – Хрватска (16 часот)
Бразил – Јужнa Кореја (20 часот)
ВТОРНИК
Мароко – Шпанија (16 часот)
Португалија – Швајцарија (20 часот)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливаковиќ замина на позајмица во Џирона

Евро-фудбал
Јувентус го купи Косовецот Едон Жегрова

Евро-фудбал
Николас Џексон го засили Баерн Минхен

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
