Полскиот голман Војчех Шчешни стана херој на Полска со одбранетиот пенал против Аргентина. На крајот, тоа можеби беше и пресудно за пласманот во осминадиналето и покрај поразот од 0-2.
Голманот го одбрани ударот од 11 метри на Лионел Меси и му помогна на неговиот тим да го задржи резултатот на паузата.
„Мојот разговор со Меси? Му реков да се обложиме во 100 евра дека судијата нема да досуди пенал. Реално, го изгубив облогот. Не знам дали тоа е дозволено, можеби ќе ме казнат. Не планирам да му ги дадам парите на Меси, затоа што има повеќе од доволно“, изјави Шчешни за полските медиуми.
Пенал беше крајно контроверзен. Шчешни тргна кон топката и потврди дека имало минимален контакт меѓу него и Меси, но не и за да биде досуден пенал. 
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












