Состојбата на Пеле е стабилна, соопштија од болницата каде вчера уште еднаш беше примена бразилската легенда. Од болницата „Алберт Ајнштајн“ прецизираат дека по неговиот преглед, „кралот на фудбалот“ бил хоспитализиран, но не е во одделението за полуинтензивна нега.
Пеле (82) беше опериран од тумор на дебелото црево во септември минатата година и оттогаш често бара медицински надзор. Вчера се појави информација дека тој повторно е хоспитализиран.
Ќерката на Пеле, Кели Насименто, исто така ги смири сите со објава на Инстаграм.
„Во медиумите имаше многу загриженост за здравјето на татко ми. Нема ништо итно за неговото примање или некоја страшна лоша прогноза. Ќе бидам таму околу Нова година и ветувам дека ќе објавам неколку фотографии“, објави Кели Насименто.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












