Португалскиот репрезентативец Нуно Мендеш поради повреда го заврши учеството на Светското првенство во Катар. Тој се повреди во 42. минута од натпреварот против Уругвај, кога Португалците обезбедија пласман во осминафиналето.
Мендеш во солзи го напушти теренот, а медиумите во Лисабон објавија дека се работи за повреда на бутниот мускул.
Левиот бек на Пари Сен Жермен имаше и проблем со повреда на тетивата пред почетокот на турнирот, поради што не беше вклучен во воведниот меч против Гана.
Португалија во последното коло од групната фаза утре ќе игра против Јужна Кореја.
												
																					
				Advertisement
				
			
		- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
				Advertisement
				
			
					
				Advertisement
				
			
		
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












