
Со години наназад македонските љубители на фудбалот мораа да изберат некоја друга селекција како „своја“ за да можат да навиваат на Европско првенство. Но, селекторот Игор Ангеловски и фудбалските херои предводени од капитенот Горан Пандев направија чудо и ја пласираа Македонија на следниот европски фудбалски собир. Еуфорија од невидени размери ќе ја тресе државата во јуни, а селекторот Игор Ангеловски во интервју за „ТВ Арена Спорт“ вели дека не знае дали тој ќе го предводи националниот тим на ЕП.
„Договорот со Фудбалската федерација на Македонија ми истекува на крајот од 2020 година и не знам дали ќе биде продолжен. Со оглед на тоа, не би можел да зборувам за следните цели на репрезентацијата на Македонија. Во секој случај, впечатоците се уште се свежи и би сакал да уживам во секој момент. Искрено, не знам дали ќе поминам како Славољуб Муслин во Србија. Што се однесува до мене, расположен сум да работам, но сега се е на челниците на националната федерација и мораме да ја сочекаме нивната одлука. Дотогаш ќе уживам со семејството, сопругата Тања, ќерките Луна и Леа и синот Лука. Тие многу трпеа поради моите обврски и ова се моменти кои ни се потребни на сите“, вели Игор Ангеловски за ТВ Арена Спорт.
Тој се осврна и квалификациите за СП 2022 во Катар. Македонија има реални шанси да се бори за второто место во квалификациската група.
„Германците сигурно се фаворити за првото место во групата. Ние, заедно со Исланд, Романија и Ерменија ќе се бориме за втората позиција. Тука секако е и Лихтенштајн, селекција на која секако мора да и се пријде со идентично внимание. Во регионот се игра квалитетен фудбал и тоа сите го гледаат, и во Македонија преку вашата регионална спортска телевизија“, истакна Игор Ангеловски за ТВ Арена Спорт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета
