Разврската во групната фаза на СП во Катар продолжува денеска со последното коло во групите Ц и Д. Аргентина и Данска мораат да победат за да стигнат до осминафиналето.
Натпреварите во групата Ц ќе се играат од 20 часот. Аргентина се соочува со Полска, ќе биде тоа дуел меѓу селекциите на Лео Меси и на Роберт Левандовски, а шанса чека Саудиска Арабија која се среќава со Мексико.
Полска е лидер со четири бода, Саудиска Арабија и Аргентина имаат бод помалку, а Мексико е со еден освоен бод.
Натпреварите во групата Д ќе гопотворат денот од 16 часот. Франција, која е веќе осминафиналист, за противник ќе го има Тунис. Многу понеизвесно ќе биде на натпреварот меѓу Данска и Австралија. Данците мора да победат, во спротивно ќе бидат елиминирани.
Франција на табелата има шест бода, Австралија три, а Данска и Тунис се на еден бод.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













