Англискиот напаѓач Маркус Рашфорд, кој постигна два гола во победата од 3-0 над Велс и стигна до три погодоци на Светското првенство, верува дека „Трите лава“ можат да играат и многу подобро во продолжението од Мундијалот. Избраниците на Герет Саутгејт завршија на првото место во групата Б и во осминафиналето ќе се соочат со Сенегал.
„Одлично е чувството. Бевме малку разочарани по натпреварот со САД бидејќи можевме да одиграме многу подобро. Единствениот начин да реагираме во таква ситуација е да се претставиме добро на следниот натпревар. Се браневме брилијантно во првото полувреме и едноставно моравме да ги искористиме нашите шанси и да го затвориме натпреварот. Многу сум среќен што одиме во следната фаза. Се надевам дека ќе продолжиме понатаму затоа што имаме огромни амбиции. Можеме да играме и подобро отколку што игравме вечерва“, изјави Рашфорд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













