Англија го победи Велс со 3-0 и го освои првото место во групата Б, а Соединетите Американски Држави беа подобри со Иран со 1-0 и се второпласирани. Ова значи дека во осминафиналето на Светското првенство во Катар ќе вкрстат со Сенегал, односно со Холандија.
Велс издржа едно полувреме против Англичаните, а потоа Маркус Рашфорд ги разби со прекрасно изведен слободен удар во 58.минута. Две минути подоцна стрелаше и Фил Фоден, а до крајот Рашфорд уште еднаш ја затресе противничката мрежа.
САД го победија Иран со 1-0, сосема доволно за да се пласираат во нокаут фазата. Стрелец на победничкиот гол беше Кристијан Пулишиќ во 38.минута од натпреварот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













